петок, 27 септември 2024

Пешак тешко повреден, го удрил возач со туарег

Вчера во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Јажинце, во с.Порој, патничко возило фолксваген туарег со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Џепчиште, удрило во пешакот А.С.(86) од с.Порој.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ