понеделник, 24 февруари 2025

Перински и Ганиу ги чекаат одлуките на своите партии да ги кандидираат за градоначалници

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе ги чекаат анкетите кои ги спроведуваат нивните матични политички партии за да видат дали ќе ги кандидираат на локалните избори што треба да се одржуваат есенва.

Објавено на

часот

Сподели

При денешната посета на Општина Чаир во рамки на теренските посети на општините – „Каде што срцето е дома“, Перински во изјава за медиумите рече дека уште е рано, но оти е потенцијален кандидат за градоначалник на Град Скопје.

„Времето ќе покаже. Сè уште е рано. Апсолутно дека сум потенцијален кандидат за градоначалник. Но, сè уште нема конечна одлука. Ќе видиме во која насока“, рече Перински.

Ганиу изрази уверување дека кој и да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир, кандидатот на Вреди (ВЛЕН) ќе биде квалитетен и способен да ја води општината на најдобар можен начин.

„Партијата ќе одлучи за тоа. Сигурно дека прават анкети. Но, јас сум убеден дека од Демократското движење и како ВЛЕН (Вреди), и ако не е Висар Ганиу, кој и да биде од тие кандидати што ќе ги поставуваат во анкета, јас мислам дека секој има способоност и квалитет да ја води оваа општина на најдобар можен начин. Секој што ќе биде избран за да биде кандидат во иднина, јас сум убеден дека ќе биде вистинскиот кандидат да им служи на сите граѓани“, рече Ганиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ