По серијата слаби резултати, „сините“ се израдуваа на победа, вечерва го добија реваншот против Астон Вила и се пласираа во осминафинале во ФА Купот.
Избраниците на Покетино практично го решија мечот во првите 20 минути, со головите на Галагер и Џексон поведоа со 0-2.
Најубавиот момент се случи по десетина минути игра во вториот дел, Енцо Фернандез постигна страшен гол од слободен удар, па при прославата порача дека останува во Челси, како одговор на шпекуалциите кои се појавија денеска.
До крајот на натпреварот, Астон Вила само постигна почесен гол преку Диаби за 1-3.
WHAT A FREE KICK FROM ENZO FERNANDEZ TO PUT IT TOP BINS PAST EMI MARTINEZ 🤯
Nicolas Jackson held up Enzo’s shirt after the goal ❤️ pic.twitter.com/5AIoTHXULA
— ESPN FC (@ESPNFC) February 7, 2024