вторник, 11 февруари 2025

Пентагон им забрани на трансродовите лица служење војска

Американската војска повеќе нема да прима трансродови лица и ќе престане да помага во процедурите на промена на полот на своите припадници, се наведува во дописот кој министерот за одбрана Пит Хагсет денес го предал во суд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец потпиша извршен указ со кој јавно ги критикуваше трансродовите војници, кажувајќи дека маж кој се идентификува како жена „не е во согласност со понизноста и несебичноста кои се бараат од војникот“. „На сила стапува веднаш паузирањето на сите нови приеми на поединци со историја на родна дистрофија“, се наведува во дописот на Хагсет од 7 февруари кој денес бил предаден во окружниот суд во Вашингтон.

„Сите непланирани, закажани или планирани медицински постапки поврзани за промена на полот за припадниците на војската се паузирани“, се додава во дописот.

Кон поединците со родова дистрофија кои веќе се во војската, Хагсет најавил третман исполнет со „достоинство и почит“, додавајќи дека неговиот заменик ќе даде повеќе детали што тоа точно значи.

Американската војска има околу 1,3 милиони припадници, се наведува во податоците на министерството. Активистите за правата на трансродовите лица веруваат дека во војската ги има до 15 илјади, но функционери на министерството тврдат дека ги има неколку илјади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ