По цели 15 години, Пелистер се пласира во финалето од Купот на Македонија и дојде на чекор до трофеј.
Еуро Никел се покажа како трвд орев, но ја загуби силата во последните десет минути и доживеа убедлив пораз.
Мечот беше неизвесен во најголемиот тек, а кога требаше да се решава, Пелистер заигра многу подобро и победи со 78-68.
Најдобар во составот на Пелистер беше Јуре Планиниќ со 27 поени од кои дури 24 во првото полувреме, одличен беше и Маслинко со 22 поени. Во тимот на Еуро Никел, Смит Меквин постигна 21 поен, Врањеш 17.
Утрешното финале меѓу Пелистер и МЗТ Скопје се игра со почеток од 18 часот.