Момците на Раул Алонсо од самиот почеток ја преземаа иницијативата, на стартот направија предност од 5-1 и имаа целосна контрола на мечот. На полувремето беше 16-11.
Алкалоид се обидуваше да се врати, но не му одеше. Пелистер ја зголемуваше предноста и првпат стигнаа до двоцифрена разлика кога беше 24-14. На крајот победија со 13 голови разлика, 33-20.
Најефикасен во победничкиот табор беше Филип Кузмановски со 11 погодоци, осум додаде Богдан Радивојевиќ. Кај поразената екипа се истакна Мартин Серафимов со осум погодоци.
Пелистер со оваа победа ја надополни негативата од Автокоманда каде Алкалоид победи со 32-25. Битолчани ако ги добијат наредните три меча ќе пренесат три бода во плејофот, а Вардар и Алкалоид ќе пренесат по два доколку некој од нив не киксне во пресметките со послабите.