„Во јануари 2022 година лидерите на петте држави со нуклеарно оружје издадоа заедничка изјава во која се наведува дека нуклеарната војна не може да се извојува и не може да се почне“, рече Мао Нинг на брифингот.
Таа нагласи дека Кина отсекогаш верувала дека сите држави што имаат нуклеарно оружје треба да се придржуваат до концептот на заедничка безбедност и да одржуваат глобална стратегиска рамнотежа и стабилност.
Според неа, во сегашната ситуација сите страни мора заедно да работат на ублажување на состојбите и намалување на стратегиските ризици.
„Ги повикуваме сите страни да останат воздржани и да изградат балансирана, ефикасна и одржлива европска безбедносна архитектура преку дијалог и консултации“, заклучи портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.
Претходно, заменик-генералниот секретар на Алијансата, Мирчеа Џоана, изјави дека НАТО не гледа непосредна закана дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје.
„Не гледаме никаква непосредна закана дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје. Во исто време, изјавите на руските власти сами по себе се многу опасни, бидејќи ја поткопуваат меѓусебната доверба“, изјави Џоана во интервју за шпанскиот весник Паис.