„Почитувани жители на Општина Берово. Пред малку избувна пожар, над месноста викана Каша, на потегот од село Ратево кон туристичката населба Беровско Езеро. Гори шума и пожарот брзо се шири. Потребна е помош, за гаснење на пожарот, па се молат, сите кои се во можност, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот, заедно со нашите пожарникари“, информира Пекевски.
Во акцијата за гаснење на пожарот, како што соопшти се вработени во ТППЕ Берово, Шумско стопанство и други помагатели.
Претходно во беровското село Двориште беше локализиран пожар во близина на границата со Бугарија.