четврток, 30 јануари 2025

Пекара во Данска почна да продава колачи Доналд Трамп – морон (ФОТО)

На почетокот на неговиот втор мандат како претседател на САД, Доналд Трамп навистина не ги освои симпатиите на Данците, особено поради неговите отворени коментари дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е автономна територија на Данска.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Републиканецот наводно имал ладен телефонски разговор со данската премиерка Мете Фредериксен.

Друг начин на кој Данците го изразија своето незадоволство од Трамп е преку колачи, пренесува Лондон економи.

Сликата споделена на форумот Редит покажува колачиња „Доналд Трамп – морон“ кои се продаваат во данска пекара. Корисникот ПринцесРад, кој ја објави сликата, ја објасни шегата зад идејата.

„Ова е игра на зборови базирана на данската емисија Квај каге. Станува збор за колач кој наликува на зелената жаба од данската детска емисија. Во исто време, зборот Квај се користи за некој што направил/рекол нешто навистина глупаво. Кога правиш нешто глупаво, во Данска се извинуваш со тоа што подаруваш Квајебајер или „глупави“ пива како гест на извинување за глупоста што си ја направил“.

Оваа шега има многу нивоа, но најважното е што се потсмева на глупоста на Трамп што мисли дека може да го купи Гренланд.

Многумина го изразија својот ентузијазам за овие портокалови задоволства. „Данска треба да му испрати кутија од овие колачи на Трамп“, се наведува во еден од коментарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ