петок, 26 јули 2024
Починал во болница

Пејачот Амар Исмани е загинатиот во пукањето на Пластичарска (ВИДЕО)

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска. Од МВР соопштија дека синоќа околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ во Скопје имало пукање.

Објавено на

часот

Сподели

Во 23.45 часот, од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.

„Во 23.51 часот, од Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал“, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Во текот на ноќта дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.

Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ