сабота, 27 јули 2024

Пукање на Пластичарска, тројца ранети

Три лица биле ранети во престрелката со огнено оружје која синоќа се случила на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарска. Еден од ранетите лица бил во тешка состојба.

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации напаѓачот пукал од мотор кон повредените, по што избегал. Неофицијално, мотивот за нападот бил нерасчистени меѓусебни односи.

Повредените биле итно пренесени во скопските болници. На лице место беа излезени екипи на Јавното обвинителство и на МВР.

Од полицијата засега нема официјална потврда за инцидентот.

Фото: ТВ Алсат

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ