Неодамна голманот на Рома, Миле Свилар одби повик од српската репрезентација со намера да игра за Белгија.
Информациите велат дека истото ќе го направи и Александар Павловиќ, 19-годишниот фудбалер на Баерн Минхен.
Павловиќ ќе прифати повик од селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман за пријателските натпревари во март.
Минатиот викенд делегација на Фудбалскиот сојуз на Србија предводена од селекторот Драган Стојковиќ – Пикси беше во Минхен со цел да се обиде да го наговори Павловиќ да игра за нашиот северен сосед.
Пикси разговараше и со неговите родители, но ниту тоа не помогна Павловиќ да игра за Србија.
Александар Павловиќ е роден во Германија, но има и српски пасош поради потеклото.