среда, 4 декември 2024

Патните правци во државата се проодни освен до селата Луковица и Пуста

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи, информираат од Македонија пат.

Објавено на

часот

Сподели

Од Македонија пат информираат дека на планинскиот премин Ѓавато има магла со видливост од 200 метри.

„Сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничување. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализацијаи прилагодување на брзината кон условите на патот“, велат од Македонија пат.

А од регионалниот Центарот за управување со кризи (ЦУК) Тетово информираа дека состојбата после вчерашните и денешни врнежи од дожд и снег во поголемиот дел од Северозападниот регион е редовна и сообраќајот се одвива нормално.

„Снабдувањето со електрична енергија е редовно и нивото на водотеците е на нормално ниво за овој период од годината. Проблеми има на високопланинските села каде што сообраќајот се одвива во зимски услови и забавено со задолжителна употреба на зимска опрема. Во ЦУК имаше повици од село Луковица, Општина Желино кои информираа за непрооден пат до селото. Истите се вратија во својот дом и според пријавителката истите ќе преноќеле во селото. Од страна на полициката стануца Групчин сме известени дека на теренот кон селата Луковица и Седларево е упатена машина за чистење на снегот и моментално истата работи на нормализирање на сообраќајот на тој реон додека гужвата што настана поради несовесни граѓани кои со несоодветни гуми возеа на Попова Шапка е расчистена. Сообраќајот во двата правци се одвива во зимски услови, забавено и со задолжителна употреба на зимска опрема.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека како резултат на обилните врнежи од снег и дожд што што го зафатија Пелагонискиот регион во последното деноноќие, преку бројот 112 во ЦУК се добиени голем број пријави за прекини на електричната енергија како и оштетени бандери, поплавени подрумски простории, поплавен коловоз кај бензиската пумпа„Салида во Прилеп и за одрони на патните правци Прилеп-Битола, Прилеп-Кавадарци и Демир Хисар-Кичево.

Патниот правец од Битола до хотелот Молика е прооден само со теренски возила, а во прекин е патниот правец од Крушево до село Пуста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ