Според новинската агенција Јонхап, сите 170 патници и членови на екипажот биле евакуирани преку лизгалката на излезот за итни случаи, нема повредени. Пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот.
Ongoing ! An Air Busan Airbus A321 aircraft caught fire at Gimhae International Airport (PUS).
At around 10:30pm local time on the 28th, a fire broke out in the tail section of an Air Busan plane bound for Hong Kong at Gimhae Airport.
It was reported that all 170 passengers… pic.twitter.com/pa1CwaUEj6
— FL360aero (@fl360aero) January 28, 2025
Овој инцидент се случува само еден месец по најсмртоносната авионска несреќа на јужнокорејска територија.
Тогаш Боинг 737-800, кој полета од Бангкок, главниот град на Тајланд за округот Муан во југозападна Јужна Кореја, принудно слета, се лизна по пистата на регионалниот аеродром и се запали откако удри во бетонска конструкција.
Загинаа вкупно 179 лица. Преживеале само двајца членови на екипажот во опашката на авионот, пилотите потоа ѝ кажале на контролата на летање дека птица удрила во моторот на авионот.