„Во извештаите на Европската комисија постојано се забележуваат недостатоци во функционирањето на јавниот радиодифузен сервис. И покрај сите ветувања, состојбата продолжува да се влошува, а гледаноста и довербата во МРТВ постојано опаѓаат. Затоа апелираме до надлежните конечно да започнат со сериозни реформи во МРТВ, со што ќе се овозможи демократизација и нормално функционирање на јавниот сервис.
Неопходно е итно да се преземат мерки за обезбедување достојни услови за професионално работење и на програмата на турски јазик, кои со години се соочуваат со недостаток на кадар, техничка опрема и јасен финансиски план за создавање соодветни програмски содржини според современите стандарди. Истите проблеми ги имаат и програмите на другите немнозински заедници, што ја нагласува потребата од системски пристап кон решавањето на овие предизвици.
Реформата на МРТВ е подеднакво важна како и реформите во сите други клучни области!“, се вели во соопштението на Партијата за движење на Турците.