Ватиканската канцеларија за доктрина денес објави документ кој дополнително ја објаснува содржината на писмото кое Папата им го испратил на двајца конзервативни кардинали, објавено уште во октомври. Во тоа писмо Папата сугерира дека таквите благослови можат да се дадат во одредени околности ако е јасно дека тој ритуал нема врска со склучување брак.
Новиот документ ги повторува аргументите на Папата, но и наведува дека бракот е доживотен договор меѓу маж и жена. Се истакнува дека благослов на истополови двојки не смее да се дава во време кога се склучува цивилен брак и/или партнерство или кога присутните спроведуваат ритуали или носат облека кои упатуваат на склучување брак. Од друга страна, во документот стои дека таквото барање во други случаи не смее да се одбие.