Папата ги поздрави бројните групи кои пристигнаа во Ватикан на прославата на јубилејната година на Католичката црква, настан кој се слави на секои 25 години.
Тој водеше специјална служба на плоштадот Свети Петар, на која присуствуваа околу 30.000 воени лица, од кои повеќето беа од италијанските безбедносни сили и други земји.
Тој откажа некои состаноци претходно оваа недела поради бронхитис, а денес беше видно уморен за време на двочасовната молитва на отворено. „Се извинувам и го молам водителот (на церемонијата) да продолжи да чита поради тешкотиите што ги имам со дишењето“, рече 88-годишниот папа Франциско за време на мисата.
На крајот од мисата, Папата ја предводеше неделната молитва Ангел Господов.
„Браќа и сестри, се молиме за мир во Украина која страда, во Палестина, во Израел и на целиот Блиски Исток, во Мјанмар, ДР Конго и Судан. Пушките насекаде да замолчат и нека се слушне плачот на народот кој бара мир“, рече тој.