среда, 12 март 2025

Паолучи: Фискалните правила и Фискалниот совет се есенцијални, но поважна е политичката заложба да се изоди патот кон фискална консолидација

Фискалните совети се есенцијална алатка која им помага на земјите да управуваат со своите буџети и се особено важни за земји како што е и Република Македонија кои се на својот пат кон пристапување во Европската Унија, истакна денеска во Скопје директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Македонија, Масимилијано Получи.

Објавено на

часот

Сподели

„Претходните години беа години на криза кои доведоа до зголемување како на дефицитот, така и на долгот, а токму улогата на Фискалниот совет е да ги советува власите и да препорачува насоки како да се вратат кон јасно утврдените фискални цели. Токму затоа денеска сме тука, за да видиме како да се спроведат фискалните правила, која е улогата на Фискалниот совет, што е она што другите земји го имаат направено за да функционира добро и да има совршен ефект“, изјави Получи пред почетокот на конференцијата „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“, организирана од Фискалниот совет на Македонија заедно со Светска банка.

Нагласи дека фискалните правила и Фискалниот совет се есенцијални, но, посочи, уште поважно е да има политичка заложба за да се изоди патот кон фискална консолидација.

„Ја поздравуваме сериозната работа која ја направи Министерството за финансии преку изготвување на стратегии кои одат во вистинска насока“, рече Паолучи и додаде дека без поддршка на Европската Унија немаше да може да се донесат значајни говорници на денешната конференција.

Кристијан Вајс, раководител на националната единица за фискални рамки и претставник на ЕУ за работа со нашиот Фискален совет рече дека имаат позитивно искуство со независните фискални институции и фискални совети и додаде дека ја поддржуваат нивната работа преку регулаторна законодавна рамка.

„Силни, компетентни фискални совети ги засилија фискалните политики во рамките на ЕУ и со тоа и нивниот кредибилитет. Фискалните совети треба да бидат проактивни и да делуваат по сопствена иницијатива. Многу е полезно доколку од самиот почеток се инволвирани во донесувањето на одлуките од страните на владите и на парламентите. Токму затоа овој настан е многу значаен“, рече Вајс пред почетокот на конференцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ