Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон, вели Пандов.
Васил Јованов е 20-годишното момче кое на 29 јануари ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова која веднаш загина на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Јованов возел без возачка дозвола, со огромна брзина, бил пијан и поминал на црвено светло.
Росица Кулакова, сестрата на Фросина преку социјалните мрежи апелираше да се пронајде одговорното лице кое го снабдило Јованов со мобилен телефон додека тој е во притвор.
„Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР – Сектор за внатрешна контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот – монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корупцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно?“, пишува Росица Кулакова на Фејсбук.