среда, 23 октомври 2024
Заради здравствени проблеми

Пандов одобри барања за привремен прекин на затворската казна на дел од осудените за „27 април“

В. д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, одобрил повеќе барања за привремен прекин на затворска казна за осуденици од случајот „27 април“ за упадот во Собранието. На новинарско прашање, тој денеска на прес-конференција ја потврди информацијата, но не кажа колку точно барања се одобрени ниту на кого се однесуваат.

Објавено на

часот

Сподели

„Како в.д. директор единствено што можам е ако дојде барање од затворник кој ќе достави документација дека има акутен здравствен проблем, потпишан од специјалист, дека мора да изврши здравствен зафат, јас немам право да го одбијам. Факт е дека неколку, сега немој да ме фаќате за збор, за тројца-четворица-петорица, во меѓувреме откако ја извршувам функцијата се дојдени такви барања и потпишани се такви барања“, вели Пандов. 

На новинарско прашање дaли сите одобренија се за осуденици за „27 април“, Пандов вели: „Има едно-две кои не се. Меѓутоа, мене ми е зачудувачкишто праксата била контрола да прават вработени од Управата и мене ми ја доставуваат – дали треба да биде позитивна или негативна. Ако има акутна болест којашто треба да се лекува, такви случаи во минатото биле одбивани. Јас тоа нема да го правам“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ