среда, 25 декември 2024

Пандев даде оставка од функцијата претседател на ФК Брера

Горан Пандев веќе не е претседател на ФК Брера Струмица бидејќи не сака да има судир на интереси со новата функција која ја доби во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Објавено на

часот

Сподели

Со доаѓањето на новиот претседател на ФФМ, Масер Омерагиќ, Горан Пандев стана спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации.

Поради тоа тој поднесе оставка од позицијата претседател на ФК Брера.

„Нашиот претседател Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации. По именувањето на оваа функција од страна на новиот претседател на ФФМ Масар Омерагиќ, Пандев даде оставка од функцијата претседател на нашиот клуб ФК „АП Брера Струмица“. Оставката е со цел да нема судир на интереси како и заради неспоивоста на двете функции.
Горан Пандев е основач на нашиот клуб а со превземањето од Брера Холдинг тој беше поставен на функцијата претседател со цел да се даде нова димензија на функционирање и градење на еден професионален клуб“, стои во соопштението на Брера.

„Од секогаш сум зборувал и залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап“, изјави Горан Пандев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ