петок, 31 јануари 2025

Панамскиот претседател: Каналот ѝ припаѓа на Панама, за тоа нема ни да разговарам

Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино изјави дека нема ни да разговара за контролата над Панамскиот канал со американскиот државен секретар Марко Рубио, кој треба викендов да ја посети таа земја, што ќе биде негова прва посета на странство. Мулино тоа го кажа на конференција за новинари откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја преземе контролата над Панамскиот канал, тврдејќи дека со него управува Кина. Панамската влада тоа одлучно го негира.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не можам да преговарам, а не пак да отворам процес на преговори за каналот“, кажа Мулино. „Тоа прашање е заклучено. Каналот ѝ припаѓа на Панама“. Со каналот долг 82 километри управува независна панамска агенција која ја надгледува панамската влада.

Соединетите Американски Држави го изградија каналот на почетокот на 20 век и во 1999 ѝ ја предадоа контролата на Панама, две децении откако беа потпишани низа договори кои ја гарантираа неговата трајна неутралност. Трамп тврди дека тој договор се крши дека Кина го контролира каналот и дека таму има војници. Докази за своите тврдења не нуди.

Американскиот претседател смета САД премногу плаќаат за транзитот низ каналот. „Не добив апсолутно никакви информации од американската амбасада во Панама, ни од државниот секретар со кој соработуваме околу миграциите, за наводно воено присуство на друга земја во каналот“, кажа Мулино. „Панамскиот канал го надгледува Панама и управувањето со него секогаш било во панамски раце“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ