„Не можам да преговарам, а не пак да отворам процес на преговори за каналот“, кажа Мулино. „Тоа прашање е заклучено. Каналот ѝ припаѓа на Панама“. Со каналот долг 82 километри управува независна панамска агенција која ја надгледува панамската влада.
Соединетите Американски Држави го изградија каналот на почетокот на 20 век и во 1999 ѝ ја предадоа контролата на Панама, две децении откако беа потпишани низа договори кои ја гарантираа неговата трајна неутралност. Трамп тврди дека тој договор се крши дека Кина го контролира каналот и дека таму има војници. Докази за своите тврдења не нуди.
Американскиот претседател смета САД премногу плаќаат за транзитот низ каналот. „Не добив апсолутно никакви информации од американската амбасада во Панама, ни од државниот секретар со кој соработуваме околу миграциите, за наводно воено присуство на друга земја во каналот“, кажа Мулино. „Панамскиот канал го надгледува Панама и управувањето со него секогаш било во панамски раце“.