четврток, 6 февруари 2025

Панама негира дека бродовите на американската влада ќе транзитираат преку Панамскиот канал без такса

Управата на Панамскиот канал го демантираше тврдењето на американскиот Стејт департмент дека бродовите на американската влада ќе можат да минуваат низ каналот без да платат такса.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Управата на каналот, која е автономна агенција надгледувана од панамската влада, во изјавата во средата рече дека не одобрила никакви промени во наплатата на таксите или правата за минување низ каналот, објави Ројтерс.

Стејт департментот претходно во средата објави дека Владата на Панама се согласила повеќе да не наплаќа транзитни такси за американските владини бродови. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека повторно ќе ја преземе контролата над Панамскиот канал.

Трамп ја обвини Панама дека наплатува прекумерни такси за користење на Панамскиот канал, еден од најпрометните во светот.

Тој исто така повеќе пати тврдеше дека Панама ѝ ја отстапила контролата на каналот на Кина, тврдење што и Панама и Кина го негираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ