недела, 29 декември 2024

Палестинска министерка: Во Газа од почетокот на војната се убиени повеќе од 15.900 Палестинци

Повеќе од 15.900 Палестинци, меѓу кои 250 здравствени работници, се убиени во Газа од почетокот на војната на 7 октомври, кажа денес палестинската министерка за здравство. Бројот на мртвите постојано расте и покрај меѓународните повици до израелските сили да го ограничат нанесувањето штета на цивилите во новата фаза на воената иницијатива во Газа која почна на 1 декември кога пропадна примирјето со Хамас, кажа министерката за здравство Маи ал Каила на конференција за медиумите во градот Рамала на Западниот брег.

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 40.900 луѓе во Газа се ранети во израелските бомбардирања, според палестинското министерство. „Ако продолжи темпото на израелските сили, здравствениот сектор би можел целосно да се урне“, кажа Ал Каила. Кажа дека министерството настојува во реално време да ги преброи убиените, но очекува дека конечниот број ќе биде многу поголем.

Тоа е затоа што илјадници се закопани во урнатините од израелските бомбардирања, а владиното тело задолжено за отстранување на труповите едвај функционира, кажа таа.

Израел ја проширува копнената кампања во јужна Газа, објави денес портпаролот, додавајќи дека влада е отворена за „конструктивни повратни информации“ за намалување на штетата на цивилите сè додека тие се во согласност со целта за уништување на владејачкиот Хамас во Газа.

Ал Каила кажа дека израелските воздушни напади ги погодиле здравствените установи и болниците, како и дека израелски сили притвориле 30 здравствени работници во офанзивата.

На југот на густо населената енклава функционираат само пет болници со минимален капацитет и вкупно имаат 1.300 кревети, кажа палестинската министерка. На окупираниот Западен брег, каде се бележи пораст на насилствата од избивањето на војната во Газа, убиени се 260 Палестинци, а 3.200 се повредени од 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ