Палевски веќе кажа дека нема да се брани со молчење, а кога беше однесен во суд посочи и дека има доказ дека не е виновен за убиствата. Обвинение има за Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, за две кривични дела убиства и грабнување. За помагање се гони и Александар Ѓорески, татко на убиената Вања.
Обвинителниот акт се темели на вербални и материјални докази во однос на дејствијата на обвинетите, но со оглед на тоа што постапката против првоосомничениот кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција продолжува, јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во однос на доказниот материјал.
14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември.
Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.