Целта на оваа акција е преку донации (новогодишни пакетчиња) што повеќе деца, а особено на оние на кои тоа им е најпотребно, да добијат новогодишни пакетчиња.
Во акцијата учествуваат повеќе компании, јавни личности, поединци кои оваа година овозможија да се соберат повеќе од 1.600 пакетчиња. Овие пакетчиња веќе се подаруваат на деца во училишта, градинки, дневни центри, здруженија за лица со попречености, домови за деца без родители…
Во рамките на акцијата се организираат и многу други настани, креативни работилници за деца на кои учесниците изработуваат изработки кои потоа се продаваат, а средатвата одат директно за набавка на нови пакетчиња. Од годинава организирано е и бесплатно фотографорање со Дедо Мраз, новогодишни базари, јавни настани со забавна програма за најмалите.