Граѓните бараат итни мерки од Општина Центар и од Владата.
Заедницата на единиците на локалната самоуправа вчера ја прифати иницијативата на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, малолетниците што вандализираат урбана опрема да вршат општокорисна работа.
„Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста да ја делат и нивните родители“, изјави Герасимовски.