сабота, 1 февруари 2025

Пак измама во Куманово со згазено дете мигрант, платени се 30.000 евра

Вчера 65- годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати за да не одговара кривично.

Објавено на

часот

Сподели

Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ