Денеска во 04.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.А.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Пржино“ бил каснат од куче скитник, велат од полицијата.
Според втората пријава, вчера во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, А.Н.(32) од Скопје пријавила дека на ул.„Радика“ била касната од куче скитник.