среда, 4 декември 2024

Пациентка од Англија успешно беше оперирана во клиниката „Жан Митрев“

Никола Далас, пациентка од Англија успешно беше оперирана во клиниката „Жан Митрев“. По претходно неуспешниот ортопедски зафат, Далас имаше силни болки во коленото и неможност за движење по што решава да го истражи приватното здравство и доаѓа во клиниката „Жан Митрев“. Тимот ортопеди успешно направи целосна реконструкција на колено, вадење на имплант вграден во Англија и поставување нов, санирање пукнатина на предниот вкрстен лигамент и други тетиви, по што Никола Далас движејќи се патува дома.

Објавено на

часот

Сподели

„Откако возач ме пречека и донесе во kлиниката веднаш ми ги направија сите можни испитувања и ме уверија дека се е во ред и може да се направи операцијата. Мислам дека ме испитаа од глава до петици. Целиот персонал на болницата е брилијантен и сите се запознаени со состојбата на пациентот, секогаш знаат што не е во ред и што ви треба“, вели Далас за својот престој во клиниката.

Долгото чекање термин и претходната неуспешна операција, ја натераа Далас да допатува во Скопје, во клиниката „Жан Митрев“ од каде заминува движејќи се самата.

„Сега се чувствувам многу добро и иако овде сум среќна едвај чекам да се вратам на мојот нормален живот и рутина. Сѐ ми се допадна тука, но најмногу грижата од персоналот и професионалноста во тоа што го работат. Повторно би се вратила тука, доколку имам потреба и клиниката би ја препорачала секому“, додава Далас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ