Лице – Ако лицето ви е суво измешајте еден филџан јогурт, една излупена краставица и една лажичка маслиново масло. Ставете ја смесата на лицето и на вратот, нека остане 15 минути и потоа измијте се.
За да ви се отворат порите, измешајте неколку јагоди со лажичка кисела павлака. Смесата треба да стои 10 минути на лицето.
Ако лицето ви е масно, изматете едно јајце, намачкајте ги со него масните делови на лицето и оставете да дејствува 10 минути, потоа измијте се. Тоа не смеете да го правите повеќе од еднаш неделно за да не ја пресушите кожата.
Заби – Не можете да ги избелите забите со обична четка за заби. Згмечете една јагода, распоредете ја на четката за заби и тријте што е можно подобро потоа исперете ги.
Коса – На исушена коса ставете половина чаша маслиново масло и масирајте. Потоа на главата ставете капа за туширање, да отстои половина час, а потоа темелно измијте ја косата.
За сјајна коса изматете 2 белки, нека стојат на косата 5 минути. Измијте се со шампон и добро исплакнете.
Ако немате регенератор, 2-3 лажички мајонез измешајте со една банана. Таа смеса нека ви стои на косата 10 минути, потоа измијте ја со шампон.
Бели нокти – Ако ноктите почнале да ви пожолтуваат од темни лакови, земете зрно грозје и пресечето го на половина, секоја половина држете ја на ноктот по 10 минути.
Подочници – Ако спиете малку и имате големи подочници, изматете авокадо и нанесете го на подочниците. Очите заштитете ги со памук, потоа легнете 10 минути па измијте се.