недела, 29 декември 2024

Ова е последната сезона за Дибиров, легендата на Вардар става крај на кариерата

Легендарниот ракометар кој испиша историја со РК Вардар, Тимур Дибиров става крај на својата кариера.

Објавено на

часот

Сподели

Левото крило на Загреб, Дибиров објави дека ќе игра до крајот на оваа сезона, а потоа ќе прекине.

„Најтешко во моментов ми е што сме разделени со семејството, јас сум со синот во Загреб, Ирина е со ќерката во Ростов. Затоа решив да ја доиграм сезоната и да ја завршам кариерата. Сакам да бидам покрај нив. Си велам уште оваа сезона и тоа е тоа и морници ме лазат. Навистина ли дојде тој момент?“, рече Дибиров за „Спорт“.

41-годишниот Дибиров кариерата ја почна во Чеховски Медведи, во 2013 се пресели во Вардар каде остана цели десет сезони, со македонскиот тим двапати ја освои Лигата на шампионите. Во 2022 година се пресели во Загреб каде и ќе ја заврши кариерата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ