недела, 19 мај 2024

Отворена истрага по приведувањето на две лица во Мелница поради сомнеж за изборeн поткуп

По вчерашното приведување на две лица во селото Мелница, Општина Чашка, поради основи на сомневање за изборен поткуп, а кај кои беше најдено оружје, обвинителството започна со истражување на случајот, а за едното лице е отворена истрага, кај кое се најдени повеќе парчиња оружје.

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, при претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси.

МКД.мк вчера информираше за овој случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ