недела, 19 мај 2024

МВР: Во село Мелница приведени две лица, се сомничат за поткуп при избори

Министерството за внатрешни работи вечерва потврди дека во село Мелница, Општина Чашка се приведени две лица осомничени за поткуп при избори и гласање. Кај нив дома се најдени повеќе парчиња оружје, муниција и поголеми суми на пари.

Фото: МВР

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на МВР се вели:

„Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело – поткуп при избори и гласање, по член 162 од Кривичниот законик биле пронајдени и одземени еден пиштол марка застава со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така денеска, во 17 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода А.Ч.(50) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело – поткуп при избори и гласање по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол марка валтер со една рамка, еден пиштол марка црвена застава, еден пиштол марка бул со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986.670 денари во разни апоени и 2.325 евра во разни апоени. А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Инаку, претходно пратеникот Драган Ковачеки од ВМРО-ДПМНЕ објави дека се приведени активисти на ДУИ заради поткуп на гласачи кај кои е најдено оружје, додека Игор Здравковски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Велес преку Фејсбук го инзесе истото тврдење нагласувајќи дека станува збор за селото Мелница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ