сабота, 27 јули 2024

Ковачки тврди: Лишени се од слобода вооружени активисти на ДУИ

„Лудилото со поткуп од страна на ДУИ и СДС не застанува. Штотуку ме информираа дека кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, биле пронајдени пари и биле пронајдени списоци за гласање. Истите биле лишени од слобода“, објави вечерва на Фејсбук Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој е носител на кандидатска листа во ИЕ 3. Со таква информација се огласи и претседателот на велешкиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата која му ја пренесува и официјалната интернет страница на ВМРО-ДПМНЕ уште Ковачки вели:

„Почитувани граѓани, немојте да се плашите, ДУИ не смее да извади пратеник во тројка. Ве повикувам сите масовно да излеземе на гласање. А, за активистите на ДУИ им упатувам порака – на 9-ти мај ќе одговарате, за ова се лежи затвор. Ќе лежите сите од прв до последен. Нема да ве спаси Али Ахмети. Нема да ве спаси ниеден што ве пратил таму да правите поткуп. Бидете сериозни. Го кршите демократскиот процес“.

И претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски вечерва изнесе информација поврзана со приведување на вооружени активисти во велешко. Тој на Фејсбук објави:

„Пред неколку дена неслучајно од Мелница испративме порака дека нема играчки со волјата на народот! Денес благодарение на добрата организациска поставеност на СВР Велес е разбиена група која со уцени, закани и поткуп, пајташи на коалицијата ДУИ/СДС имале намера да ја изиграат волјата на народот, а со тоа и да го смени конечниот резултат од претстојното гласање во среда.
Пронајдени се оружје, муниција, пари во висина од 1.200.000 ден, членски книшки и списоци со имиња кои требало да гласаат за гореспоменатите…Правда ќе има! Нема да ве заштитат ни Али, ни Артан, ни Таче ни Оливер, ни ситните директори одоколу кои тргуваат со крадени пари!!!А арно ви реков да не ве апе и да не ве чеша“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ