сабота, 8 февруари 2025

Отворен работен клуб во Центарот за вработување

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата за вработување денеска во Битола повторно го отвори Работниот клуб, по реновирањето и опремувањето поддржано од Младинската мрежа за стекнување вештини за вработување на УСАИД. Главната цел на клубот е да им помогне на регистрираните невработени лица успешно да најдат работа.

„Најмногу ќе може да се направи преку локалната заедница, а уште повеќе преку локалниот социјално-економски совет што наскоро ќе се формира во Битола“, вели Јан Карповиќ, директор на проектот.

УСАИД обезбеди нов мебел, ИТ-опрема, книги и други материјали.

„Во работниот клуб се одвива нова програма за работа, во 5 работни дена. Обуката се прави со цел да се усогласат вештините на пазарот на трудот со вештините што невработените ги стекнале во образовниот процес“, вели Јешим Секуловска, раководителка на Центарот за вработување.

Мрежата ЈЕС на УСАИД соработува со Агенцијата за вработување, невладини организации и средните стручни училишта, со цел да стекнат вештини за да се подготват за работа.

Маја Богоевска,

Тера телевизија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ