„Овој хаб претставува значаен чекор кон модернизација на економијата, дигитализација на бизнисите и кон зголемување на конкурентноста на македонските компании на европско и глобално ниво, соопшти Сојузот на стопански комори.
ојузот, се додава во соопштението, е клучен паттнер и работина создавање поволна деловна средина, олеснување на пристапот до финансии за компаниите и на градење мрежа што ќе овозможи побрз економски раст.
„Овој хаб ќе биде центар за иновации, дигитализација и за претприемништво, кој ќе им овозможи на малите и средни претпријатија, стартапите и истражувачките институции пристап до напредни технологии и знаење. Ќе нуди поддршка за дигитална трансформација на компаниите, современа инфраструктура и пристап до најновите технологии, обуки, менторски програми и правна поддршка за стартапи и бизниси и поврзување со инвеститори и партнери од земјата и странство“, се вели во соопштението.
Со отворањето на првиот Европски дигитален иновациски хаб, се додава во соопштението се очекува зголемена конкурентност на домашните компании на европскиот пазар, забрзана дигитална трансформација на македонската економија, привлекување на домашни и странски инвестиции во технолошкиот сектор, поддршка за развој на нови, иновативни производи и услуги, како и создавање можности за младите и поттикнување на претприемничкиот дух.
„Во наредниот период, компаниите, стартапите и индивидуалните претприемачи ќе имаат можност да се информираат за начините на аплицирање и искористување на ресурсите што ги нуди хабот. Ова е одлична шанса за сите кои сакаат да го дигитализираат својот бизнис, да иновираат и да бидат дел од европските трендови во претприемништвото“, информира Сојузот на стопански комори.