Повикот е отворен до 20 февруари.
„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон и заедница на дизајнери и занаетчии од Македонија, што ќе се отвори во среда, 28 февруари во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“, на булевар Климент Охридски 68, Скопје и ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот.
Идејата на маркетот е да им се понуди на македонските дизајнери најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет продавницата. Со основањето се очекува да се створи заедница меѓу дизајнерите од која ќе зајакне локалната дизајнерска сцена, ќе произлезат соработки и заеднички ќе се делува на подобрување на довербата на клиентите во македонскиот дизајн.
Проектот е поддржан од „Fashion Revolution Macedonia“.
Стручна комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе одлучува за учесниците во „Лаб дизајн маркет“. Заинтересираните учесници може да најдат повеќе информации за критериумите и условите за учество на интернет страницата.