недела, 15 декември 2024

Отповиканиот претседател на Јужна Кореја не одговори на поканата на обвинителството

Отповиканиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јол не одговори на денешната покана од обвинителството, кое затоа планира да му испрати нова покана како дел од истрагата за неговата одлука да прогласи воена состојба, јавуваат локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јун и неколку високи јужнокорејски функционери се соочуваат со кривична истрага поради можни обвиненија за бунт, злоупотреба на власта и попречување на граѓаните да ги остварат своите права, пишува Ројтерс.

Ли Џеј Мјунг, лидерот на најголемата јужнокорејска опозициска Демократска партија (ДП), претходно денеска предложи формирање на консултативно тело за координација на работата на парламентот и владата за стабилизирање на власта во земјата еден ден по отповикувањето на претседателот Јун.

„Нормализацијата во Република Кореја е итно потребна. Демократската партија активно ќе соработува со сите политички партии на стабилизирање на владата и враќање на меѓународната доверба“, рече Ли на прес-конференција, пренесе Јонхап.

Јун вчера најави дека нема да се повлече откако парламентот гласаше за негово отповикување и рече дека ќе се бори до последен момент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ