петок, 18 октомври 2024

Откажана најекстремната етапа на Дакар

Објавено на

часот

Сподели

Организаторите решија да ја откажат најекстремната и најтешката етапа што требаше да се вози од аргентинскиот град Фиамбала до Копиапо во Чиле. Снегот ги изненади организаторите со оглед дека е надвор од сезона и тие не очекуваа оти може да му направи проблем на карванот на релито. Лошото време беше причина за да се скрати и петтата етапа.

„Лошите временски услови на Андите ги принудија чилеанските власти целосно да ја затворат границата кон Аргентина, на надморска височина од 4.700 метри. Тоа е доволен доказ дека сигурноста на возачите не може да биде гарантирана, а ние не сакаме да ризикуваме со животот на луѓето. Затоа, решивме целосно да ја откажеме шестата етапа, туку сите возила ќе ја минат границата заедно, со конвојот што веќе го организиравме“, објавија организаторите на релито Дакар.

По пет извозени етапи во конкуренција на автомобили во водство е Штефан Петерхансел пред Криштоф Холовциц, додека кај моторите првопласиран е Сирил Деспре пред ланскиот првак Марк Кома.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ