Во 18.10 часот во близина на Богданци од страна на полициски службеници од полициска станица за граничен надзор во Стар Дојран е лишен од слобода П.Г.(49) од Богданци поради основано сомнение дека со патничко моторно возило ауди A4 со гевгелиски регистарски ознаки, превезувал осум лица мигранти од Сирија.
МВР информира дека за настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.