недела, 22 декември 2024

Осум и пол години затвор за руската новинарка која на телевизија се спротивстави на нападот на Украина

Руската новинарка Марина Овсјаникова, која се прослави со јавното противење на офанзивата во Украина на државната телевизија каде што беше вработена, во отсуство е осудена на осум и пол години затвор поради критикување на војската, соопшти надлежниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Новинарката која побегна од Русија пред една година беше обвинета за „ширење лажни информации“ за руските вооружени сили, а веќе беше осудена на парична казна во август 2022 година за слични прекршоци.

Според руската агенција Риа Новости, таа овој пат е осудена затоа што самата демонстрирала со плакат против руската офанзива во Украина.

Овсјаникова стана глобално позната кога во март минатата година упадна за време на директниот пренос на информативната програма „Времја“, држејќи постер зад водителката со натпис: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Ве лажат“ на руски. Таа извика и „Стоп за војната. Не за војната“.

Во моментот на протестот таа беше продуцент на државната телевизија каде што и протестираше.

Кон средината на јули минатата година таа одржа протест во близина на Кремљ, каде носеше транспарент „Путин е убиец. Неговите војници се фашисти“, по што ѝ беше одреден домашен притвор. Таа набргу побегна од земјата со својата ќерка, изјави тогаш нејзиниот адвокат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ