понеделник, 30 декември 2024

Осовременете ја Дрисла, нѐ труе со метан, имаме болни од рак, протестираа жителите на Батинци

Објавено на

часот

Сподели

Треба да се прекопа целата депонија, да се потури со земја за да се покрие старото ѓубре кое уште гние и тлее и создава гас метан. Треба да се затвори со специфични мембрани какви што се користат во современите европски депонии каде по десетина години користење, депонијата се затвора за работа и потоа се претвора во модерен парк од каде нема никаков мирис, изјави еко активистот Тони Никушевски.

Тој рече и пред четири години протестирале пред истата депонија и дека оттогаш добивале многу ветувања, но дека освен еден стерилизатор за третман на медински отпад ништо повеќе не било сторено. Но, како што нагласи, и таквиот отпад оди во нестандардна депонија, а како што рекоа, покажувајќи фотографии, се горат и ампутирани делови од тела на луѓе.

Сених Бреќевиќ од здружението „Младината на Батинци“ рече дека сака да се слушне нивната порака дека протестот навистина нема политичка позадина.

„Нашата цел е да ги повикаме институциите да помогнат да се направи современа депонија. Ги повикуваме и граѓаните кои не се од Батинци или од селата и населбите во овој крај, да ни се придружат во ова барање. Здравјето е важно за сите нас. Загадувањето некогаш оди и подалеку од овде. Додека, ако не се најде соодветно решение, ќе има нови протести“, рече Бреќевиќ.

Тој нагласи дека во последните три години е зголемен бројот на сожители болни од рак и белодробни заболувања.

„Во тој период имаме осум смртни случаи само од една амбуланта и 12 тешко болни од рак. Нѐ трујат со медицински отпад и со други хемикалии кои се фрлаат нелегално спакувани. Велат дека има филтер, но оваа наша депонија нема“, рече Браќевиќ и ги повика сите невладини организации да се приклучат на следните протести што ќе ги организираат доколку власта нема слух на нивниот проблем. 

„Побаравме и добивме податоци од двете амбуланти во Батинци, според кои 68 пациенти се здобиле со белодробни заболувања во овој кус период од неколку години“, рече Авни Џемаили кој е претседател на истото здружени.

Беше истакнато дека всушност, има 20 смртни случаи од кои две девојчиња под 15-годишна возраст, кои може да се поврзат со последиците од загадувањето.

Од здружението го повикаа директорот на депонијата на 29 август да присуствува на состанокот што ќе се одржи во канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Во меѓувреме, чекуваат итен одговор од надлежните органи, од град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Европската унија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ