„Нашата стратегиска цел за членство во НАТО не е само наш национален интерес, туку и стратегиска неопходност за мир во регионот и целиот европски континент. Сакаме да го продлабочиме своето партнерство со НАТО со развивањето на нашата војска, Косовските безбедносни сили, во модерни, професионални и интероперабилни сили со партнерските сили во служба на мирот, стабилноста и безбедноста секаде во светот“, кажа таа на заедничката конференција со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Додаде дека Косово веќе ја постигнало целта на НАТО од два отсто трошење за одбраната.
„Косово наскоро ќе почне да произведува муниција и дронови. На овој пат, многу сме свесни за предизвиците со кои се соочуваме. Белград има цел да нè дестабилизира, не само Косово, туку и цела Европа. Присуството на НАТО трупите на Косово не е само гаранција за нашата безбедност. Време е Косово да добие свое место во Алијансата за да придонесе како одговорна членка“, кажа таа.
Ова е прва посета на Руте на Приштина откако е именуван за генерален секретар на НАТО.