Покрај средбата со Хајаши, министерот Османи ќе биде примен од престолонаследникот на Јапонија, принцот Акишино, а ќе има одвоени средби со спикерите на Домот на претставници и Домот на советници при Парламентот на Јапонија, Хиројуки Хосода и Акико Санто.
Во рамките на економскиот сегмент на посетата, Османи ќе организира бизнис форум со Јапoнската организација за надворешна трговија – JETRO, каде ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија пред истакнати јапонски компании како Хонда, Митсубиши, Нипон Коеи и сл. Дополнително ќе има средба и со министерот за Осака EXPO 2025, Кенџи Вакамија.
Целта на посетата е унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија, со посебен акцент на економската соработка и бизнис релациите, а ќе се разговара и за актуелната безбедносна состојба во европскиот континент и Индо – Пацификот, надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.
Османи од Токио ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.