сабота, 27 јули 2024
Министерот за надворешни работи го демантира колегата од МВР

Oсмани: Погрешно интерпретирал Тошковски, во ЕУ нема заеднички став за старите пасоши

Евроската комисија не носи такви одлуки, односно секоја држава членка на ЕУ носи своја суверена одлука, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи со што практично го демантира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека ЕУ ги признава нашите старите пасоши со оценка дека станува збор за „погрешна интерпретација“:

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е лошо интерпретирање, ставот на Европската комисија е дека комисијата не носи одлука која важи за целата Евроска Унија, туку тоа е суверено прашање на секоја од државите. Секоја од државите носи одлука сама за себе“, рече Османи.

Османи вели дека повеќето од државите  засега дозволуваат движење и со стариот пасош доколку е валиден, особено нема пречки за враќање во Македонија.

Но, на пример, во Босна и Херцеговина не може да се патува со стар пасош ниту со лична карта на која го нема уставното име на државата, а во Швајцарија може, но тие не се членки на ЕУ, рече Османи нагласувајќи дека тој како министер не може државите да ги информира, туку дека тие го информираат нашето МНР, како што тоа го стори Швајцарија со официјална нота.

Затоа, рече Османи, тој не може граѓаните да ги информира каде можат да патуваат со стари патни документи бидејќи нема официјално известување. Тој смета дека е подобро да не се ризикува и ги повика граѓаните во земјата во која се наоѓаат да извадат патен лист за да можат без проблеми да излезат од таа држава.

Османи нагласи дека нашиот закон не дозволува од Македонија да се излезе со стари патни документи и дека не се можни политичките барањата за итно менување на законот зашто, како што рече, така слоред Уставот не може да се менуваат меѓународни договори и на тој начин, нагласи, да се залажуваат граѓаните дека може со закон да се врати старото име на државата.

Mинистерот нагласи дека како што тој и МНР ја интензивирале работата во дипломатско конзуларните претставништва за набавка на базни станици и за двосменско работење со цел издавање на пасоши, дека треба да се интензивираат работите и во МВР на тој план.

Министерот Тошковски денеска соопшти дека добил допис од Брисел дека Европската Унија нема да прави проблем доколку граѓани на Македонија треба да патуваат со пасоши со старото уставно име.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ