недела, 22 декември 2024
Соопштение од МНР

Османи му даде на ВМРО-ДПМНЕ уште 24 часа за извинување за „обидот за внесување меѓуетнички тензии“

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа, станува очигледно дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ преставуваат свесен обид за внесување меѓуетнички тензии и раздор во општеството, што може да се потврди и од вордингот и тајмингот на самата манипулација пласирана од ВМРО-ДПМНЕ.

 Фактот што обидот за манипулација на јавноста  беше направен за време на  празници, претставува дополнителна навреда кон граѓаните на земјава, за што и очекуваме извинување.

Како одамна воспоставена пракса министерот се обраќа на ист начин од почетокот на мандатот како министер за надворешни работи последните три години, како и претходно две години како вицепремиер за европски прашања; на јавните настапи пред домашната јавност министерот се обраќа на двата службени јазици, што е видливо и од самиот видео запис (подолу), при што за медиумите секогаш е обезбеден и соодветен превод, согласно Уставот и Законот за примена на јазиците“, се вели во соопштението во кое е наведени и линк од отворањето на заедничката прес-конференцијата со министерот од Шпанија за да се види, како што се нагласува, дека Османи најнапред се обраќа на македонски јазик, а потоа и на албански јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ