По поканата од прес-конференција, синоќа Бујар Османи и од Црнилишта упати покана до Гордана Сиљановска Давкова со цел, како што наведе, преку телевизија да ги соочат своите визии.
„Ајде да дебатираме! Бидејќи нашите две понуди се единствените алтернативи, ајде да влеземе во дебатата! Јас ќе зборувам за интеграција, вие ќе зборувате за изолација. Јас ќе зборувам за соживотот на Европскиот фронт, вие ќе зборувате како ви треба 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, Турците и другите од одлучувањето. Ќе зборувам како секој од нас да има европски пасош во џебот, а таа нека зборува како ги тера луѓето и нашите граѓани да земат бугарски пасош за да избегаат во Европа. Ова се двете алтернативи кои ни се нудат“, рече Османи.
Одговор засега нема од штабот на кандидатката на ВМРО-ДПМНМЕ, освен што Сиљановска Давкова реагираше преку изјава дека нејзиниот повик за освојување на мнозинство во парламентот не претставува национализам и дека изборите не се референцум за ЕУ.
Од друга страна кандидатката на Левица, Билјана Ванковска реагира на изјава на Сиљановска Давкова дадена на собир во Центар, каде таа кажала дека двете противкандидатки веќе дебатирале на Сител телевизија.