среда, 11 декември 2024
Оценки на шефот на дипломатијата

Oсмани е убеден дека уставни измени ќе има и дека Македонија е чекор пред Албанија кон ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е нашето гориво, кое што не движи напред во делот на реформите. Така што, многу брзо откако ќе помине оваа емоција, дека ние под бугарски диктат не ги правиме уставните измени со цел некој ситен политички поен, ќе сфатиме дека малите држави, па и поголемите во регионот, не можат без Европската Унија и тој систем. За жал, ние секогаш сфаќаме на нас, наместо да учиме од другите, ние ќе ги направиме уставните измени. Метафорички велам во шест месеци, затоа што нема да може ниту една влада, во било која композиција да издржи во услови на немање европски процес, изјави Османи.

Според Османи уставните измени ќе се случат и ќе гласаат токму актерите кои денеска се противат, за како што вели, да добијат на избори.

Без уставни измени, нагласи Осамни, нема продолжување на преговорите и тоа е јасно.

„Скринингот завршува оваа недела, и тоа со поглавјето за МНР. Извештајот таму потврди 100 проценти усогласеност во надворешната политика, многу добар напредок, меѓутоа такви се правилата“, изјави Османи.

Османи, исто така, посочи дека ние сме еден чекор напред и во споредба со Албанија, но дека не очекува во декември да има поместување.

„После скринингот, има писмо што го добиваат земјите, а се усогласува со консензус во Брисел, а се однесува на утврдување на бенчмаркови. За нас стигна писмото, за Албанија уште има проблеми со грчкиот став по однос на писмото. Се движи работата, но удира во ѕид кај уставните измени“, посочи Османи.

Османи, исто така, порача дека техничкиот премиер ќе биде на предлог на ДУИ и може да биде Талат Џафери, но дали ќе биде, сепак за тоа треба одлука од органите на партијата, кои, како што рече, ќе се состанат по следната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ